News
12/01/2025 - 13:02
На работната средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, градоначалникот Горан Герасимовски разговараше за превенцијата од вандализам и за воведувањето општокорисна работа како алатка за надминување на овој сè почест проблем кај малолетниците.
Неопходна е координирана акција на целата заедница. Во таа насока, отпочнуваме пилот-проект кој ќе ги опфати учениците, наставниците и родителите.
Се согласија дека ова е сериозна појава која може да се надмине само преку заедничка соработка на сите релевантни институции.
Горди сме што како општина први ја покренавме иницијативата за воведување на општокорисна работа, иницијатива што беше поддржана од ЗЕЛС и позитивно оценета од експертите на УНИЦЕФ.