Герасимовски: Очекувам конструктивна соработка со Советот и во новиот мандат

News
интерјву
11/16/2025 - 21:14

Герасимовски: Очекувам конструктивна соработка со Советот и во новиот мандат

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, очекува и во новиот мандат стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи. „Политиката ја тргаме настрана и се насочуваме кон она што е најважно, интересот на граѓаните,“ рече Герасимовски во интервју за Racin.mk.

Тој потсети дека уште при примопредавањето на уверенијата до советниците порачал дека изборите се завршени и дека следува период на заедничка работа насочена кон проекти и решавање на потребите на жителите на Центар.

„Граѓаните ни ја дадоа довербата да создадеме подобри услови за нив. Нашата задача е да работиме за нивното секојдневие, а не за партиски интереси,“ истакна Герасимовски.

Градоначалникот очекува седниците на Советот да се водат без политизација, со доминација на аргументи, стручни предлози и професионална поддршка за општинските програми.

„Убеден сум дека со заедничка работа и почит кон интересот на граѓаните ќе постигнеме видливи резултати. Центар може да оди напред само ако сите работиме во ист правец, за општо добро“, додаде тој.

Видео
Submitted by miai on Wed, 11/19/2025 - 21:12