Герасимовски: Старата скопска чаршија е симболот на соживот и традиција, занаетчиите ја имаат поддршката од Општината

News
Посета на старата скопска чаршија
Посета на старата скопска чаршија
09/23/2025 - 13:53

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со претседателот на Здружението на занаетчии, Бујар Дулови, ја посетија Старата скопска чаршија, каде се сретнаа со занаетчиите и разговараа за нивниот секојдневен живот и работа. Тој изрази голема благодарност за можноста да помине време во Чаршијата која е симболот на Скопје, и како што рече, Македонци, Албанци, Турци и Роми живеат и работат во хармонија и меѓусебна почит.

„Многу ми е мило што токму овде, во овој дел од Центар, различностите се богатство и силата на заедницата. Старата скопска чаршија секојдневно е дестинација за огромен број туристи од целиот свет. Занаетчиите се целосно поддржани и во Општината имаат сигурен партнер во зачувувањето на автентичноста, унапредувањето на условите за работа и промоцијата на традиционалните занаети“,

 - рече Герасимовски.

На средбата беше истакнато дека во завршна фаза е изработката на деталниот урбанистички план за Кале, со кој е предвидена изградба на цел спортски комплекс што ќе придонесе за поголема живост, развој и дополнителна понуда за сите посетители.

„Заедно со занаетчиите и центарци ќе го движиме развојот кон зачувување на автентичноста и создавање инклузивен простор кој ќе биде убаво и посакувано место за сите жители и посетители,“

 - истакна Герасимовски.

Старата скопска чаршија останува симбол на соживот и традиција, место каде се спојуваат културите, каде почитта е на прво место, а грижата за заедницата е на највисоко ниво.

Submitted by alfa4 on Tue, 09/23/2025 - 13:49