Герасимовски: Бесплатно обезбедување во градинките во Центар од следната година и нови униформи за вработените

News
Исто така и поставување клима-уреди за подобри услови за престој, како и редовна проверка на санитарно-хигиенските стандарди двапати годишно
Бесплатно обезбедување во градинките во Центар
09/04/2025 - 11:04

Со започнувањето на новата учебна година, Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, одржа состанок и со директорките на општинските детски градинки. На состанокот беше потврдено дека Општината ќе продолжи да вложува во подобрување на условите за престој и развој на најмладите жители на Центар.

Во програмата за следната година ќе биде предвидено воведување бесплатно обезбедување во сите градинки, со цел највисока безбедност и сигурност на децата. Дополнително, општината ќе обезбеди нови униформи за вработените, поставување клима-уреди за подобри услови за престој, како и редовна проверка на санитарно-хигиенските стандарди двапати годишно. Новина е што по потреба ќе се вршат и дополнителни испитувања и контроли на хигиената.

Во тек е и процесот на набавка на смарт табли за воспитно-образовниот процес, со што Општина Центар дополнително инвестира во модернизација на наставата и подобрување на образовната средина.

Нашите најмали сограѓани заслужуваат најдобри услови за растење, учење и развој. Затоа Општина Центар и понатаму ќе продолжи со континуирани инвестиции во детските градинки.

- изјави градоначалникот.

Галерија
Submitted by miai on Fri, 09/05/2025 - 11:06