Герасимовски: Го обновуваме паркингот на „Петар Поп Арсов“, обезбедуваме повеќе ред и подобри услови

News
Конструирање на улицата Петар Поп Арсов
08/29/2025 - 10:41

Службите на Општина Центара интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко.

Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни.

По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење.

Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во рамки на караванот „Се гледаме во маало”, кои се соочуваат со хаотичната состојба при паркирањето и недостиг на паркинг-места.

„Со уредувањето и обележувањето на овој паркинг-простор им излегуваме во пресрет на потребите на центарци, овозможувајќи организирано и поефикасно паркирање. Целта ни е да создадеме безбеден и уреден простор, со современи стандарди и подобра пристапност,“ рече градоначалникот Герасимовски.

Со овој зафат, Општина Центар продолжува со инвестиции во подобрување на урбаната и комунална инфраструктура.

Галерија
Submitted by miai on Fri, 09/05/2025 - 10:40