Герасимовски со водњанци

News
Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата
Герасимовски со водњанци
07/01/2025 - 11:37
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалот

Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа   „лежечки полицајци“ и сообраќајни знаци за намалување на брзината, како и редовно кастрење на зеленилото што го попречува пешачкиот простор. Ја пофалија и работата на хигиеничарите кои , како што рекоа , се постојано на терен и посветено се грижат за чистотата.

Герасимовски посочи дека континуирано се работи на подобрување на патната инфраструктура во општината. Во делот на Долно Водно е завршена реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“, на потег долг 700 метри,  за што се издвоени 13 милиони денари.

Претходно беше реконструирана и улицата „Антон Панов“.

„Инфраструктурата и поврзаноста на Центар ни се приоритет. Реконструиравме 20 улици низ целата општина, затоа што секое маало заслужува уреден јавен простор и безбедни улици,“
- истакна градоначалникот Герасимовски.

Караванот продолжува денеска во Пајко Маало (кај Филхармонија), со почеток во 18:30 часот.

Галерија
Submitted by alfa4 on Tue, 07/01/2025 - 11:26