Раководител на Одделение за планирање на локалниот економски развој и поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништво
Сектор за Локален економски развој
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за планирање на ЛЕР и поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништво
Одделение за планирање на ЛЕР и поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење, давање совети, насоки за реализација на надлежноста на Одделението и вршење непосредна контрола над извршувањето на работните задачи.
Права и обврски
Ја организира, насочува и координира на работата на Одделението;
Дава стручна помош, совети и врши менторство на другите административни службеници вработени во Одделението;
Се грижи вработените во Одделението стручно да се усовршувааат, како и за нивната работна дисциплина;
Изготвува база на податоци од надлежност на Одделението, врз основа на релевантни податоци;
Учествува во подготовката на предлог-план и извештај за работата на Одделението;
Подготвува иницијативи за да се решат одделни прашања и проблеми од делокруг на организационата единица и други материјали;
Иницира развојни и структурни проекти;
Предлага концепции за прилив на донаторски средства; обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирањето на развојот на Општината;
Го координира процесот на воведување на стандардите и инструментите за управување со квалитетот;
Ги следи активностите од областа на угостителството, туризмот и занаетчиството, како и малото стопанство и предлага мерки за нивен развој;
Го заменува и му помага на непосредно претпоставениот раководен административен службеник