Бети Филиповска

Раководител на Одделение за сметководство и плаќање
Сектор за финансиски прашања
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за сметководство и плаќање
Одделение за сметководство и плаќање
Телефон
Опис на работната позиција

Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со Одделението за сметководство и плаќања согласно законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прописи од областа на финансиското и материјалното работење  на Општината.

Права и обврски
Распоредува работи и задачи на вработените во Одделението и врши непосредна контрола и надзор над тоа како се извршуваат работите
Се грижи вработените во Одделението стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина
Подготвува предлози за политики по начелни прашања од надлежност на Одделението
Пренесува инструкции и ги спроведува дадените насоки и дава упатства како да се извршуваат работите и задачите
Обезбедува навреме и хронолошки да се регистрираат комплетираните сметководствени документи во деловните книги
Да се водат задолжителните помошни книги: книги за влезни сметки, книги за набавки, книга (попис) за инвентарот, книга (попис) на капиталниот имот согласно прифатената стандардна сметководствена практика и сметководствени стандарди
Учествува во подготовката на годишна сметка на Општината и на периодичните пресметки согласно законските прописи
Обезбедува проверка на исправноста на сите книговодствени документи