Раководител на Одделение за општи работи
Сектор заправни и организациони работи
Раководител на одделение
Раководител на Одделение за општи работи
Одделение за општи работи
Телефон
Опис на работната позиција
Ефикасно, ефективно, квалитетно и навремено извршување на работните задачи, транспарентно инфомирање на јавноста за активностите на градоначалникот и Општината и градење и одржување на имиџот на Општината.
Права и обврски
Им ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението
Пренесува инструкции и ги спроведува дадените насоки и дава упатства како да се извршуваат работите и задачите на вработените во Одделението
Врши непосредна контрола и надзор над тоа како се извршуваат работите и задачите од Одделението
Врши оценка на потребите за обуки и предлага насоки за како да се доусовршуваат вработените
Остварува редовни контакти со другите раководители на одделенијата во Секторот и разменува информации и искуства.
Се грижи за ефикасно, целосно, ажурно и квалитетно водење евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на општината во пишана и електронска форма како и изготвување одлуки и други прописи, договори, продажба и купување на недвижен имот
Ја следи состојбата на недвижниот имот, се грижи за проценување и искажување на вредноста на недвижниот имот во согласност со закон, продажба, проценка и купување на недвижен имот
Предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на општината
Ја организира постапката за проценка на вредноста на недвижниот имот, степенот на одржаноста и предлага мерки за одржување и подобрување на состојбите