Ѓорѓе Димитријевиќ

Раководител на Сектор за финансиски прашања
Сектор за финансиски прашања
Раководител на сектор
Раководител на Сектор за финансиски прашања
Телефон
Опис на работната позиција

Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со Секторот за финансиски прашања согласно законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, финансиското управување и контрола, сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прописи поврзани со финансиското работење на Општината.

Ги следи законските и подзаконските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, уредувањето на изворите на приходи на Општината, финансиското управување и контрола, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското и материјалното работење и се грижи за нивна примена.

Права и обврски
Организира и координира да се изготват: буџетот на Општината, одлуката за извршување на буџетот, кварталните извештаи за извршување на буџетот, завршната сметка и годишниот извештај и ја организира и координира тековната реализација на буџетот
Им распоредува работи и задачи на раководителите на одделенијата и го следи текот како се извршуваат работите
Се грижи вработените во Секторот стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина
Подготвува предлог-план за работа на Секторот и се грижи тој да се оствари
Подготвува предлози за политики по начелни прашања од надлежност на Секторот
Учествува во работата на работните тела на Советот на Општината