Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар 

Lajme
1
26.11.2026

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар 


Општина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68.


Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа.


„Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент,  да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.


Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.

Галерија
Submitted by miai on 26.11.2026 - 10:59