Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Lajme
1
19.10.2026

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти


Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.


Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.


„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје  на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Галерија
Submitted by miai on 19.10.2026 - 15:04