Герасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало

Lajme
1
14.09.2026

Герасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало

Општина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков" и „Кеј 13 Ноември" во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на  водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри.

Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води.

„Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.

Галерија
Submitted by miai on 14.09.2026 - 10:58