Дванаесетта седница ДНЕВЕН РЕД 2026

Kumtesat
Седница
Се донесува Решение за свикување на дванаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 11.09.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.
1
07.09.2026

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР

СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Бр.08-4944/1 од 4.9.2026 година

                    С К О П Ј Е                                                         

                                                                            ДО                                                     

                                                                                 ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

                                                                                   НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                             С К О П Ј Е

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 12. седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам 12. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 11.9.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.

Усвојување на Записник од 10. седница на Советот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

                                                       

  1. Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“, за период 2025/2026 година

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, за период 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“, за период 2025/2026 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2027 година, бр. 04-2078/1 од 21.8.2026 година во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за измена на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од областа на градежната инспекција.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2027 година, во Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје без надоместок на КК „Работнички“ АД Скопје во учебната 2026/2027 година. 
  2. Предлог-одлука за прифаќање на донација за реконструкција на постоечка улица бр. 28, во населба Ново Маало од Друштвото за градежништво, трговија, угостителство и услуги МГ ФЕШН ДОО увоз-извоз Скопје

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                                                         Совет на Општина Центар-Скопје

                                                          ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                           Виолета Велковска

Submitted by miai on 07.09.2026 - 10:19