Герасимовски: „We Will Rock You“,  концерт со млади бендови и рок класици во недела во Паркот на Франкофонијата

Lajme
1
02.06.2026

Герасимовски: „We Will Rock You“,  концерт со млади бендови и рок класици во недела во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар информира дека на 7 јуни (недела), со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок класици.

Секој хит ќе биде интерпретиран од различен ученички бенд, со свежа енергија, нови гласови и сценски настапи кои носат младешка сила и автентичен музички  израз.

„Сакаме да ја заживееме рок културата во градот, да им дадеме простор на младите музичари да покажат што знаат, да го развиваат својот талент и да градат самодоверба на сцена. Верувам дека настанот ќе има одличен одзив не само кај помладата публика, туку и кај повозрасните генерации, бидејќи станува збор за вистинска рок лектира што сите ја препознаваат“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Концертот е во организација на музичкото училиште „Ентерпрајз“, првото и најголемо рок училиште во Македонија, под водство на Валентино Скендеровски. Училиштето повеќе од две децении работи на развој на млади музички таленти и сценска култура.

Концертот е бесплатен и  отворен за сите посетители.

Галерија
Submitted by miai on 02.06.2026 - 15:26