Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ

Lajme
1
09.05.2026

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ


Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.

„Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа и 50 годишниот јубилеј на Општина Центар“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на целиот ден посетителите  можea да дегустираат домашни и европски специјалитети, како и пијалоци на штандовите поставени во паркот, истовремено уживајќи во разновидната музичка програма која почна со настапот на детската група „Поточиња", по што следуваа диџеј настапи и блуз, па сè до доцните ноќни часови со „Куку Леле" и „Илче Брас Левис Бенд". 

Со оваа манифестација Општина Центар уште еднаш ги обедини граѓаните во срцето на Скопје, нудејќи им содржини кои ја креваат културата во градот на едно поквалитетно и поавтентично ниво.

Submitted by miai on 09.05.2026 - 17:30