Герасимовски: „Лига Центар“ со големо финале во салата „Лазар Лечиќ“, создаваме нови спортски шампиони

Lajme
1
17.04.2026

Герасимовски: „Лига Центар“ со големо финале во салата „Лазар Лечиќ“, создаваме нови спортски шампиони

Со ревијален натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.

„Оваа година, големото финале на нашата лига го одржуваме во реновираната сала , домот на КК ‘Работнички’, која го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Ова не е само спортски објект, туку место каде  што се спојуваат  традицијата и иднината на спортот во Центар. Овде главни верднсоти се  посветеноста, дисциплината и љубов кон играта, вредности што денес јасно ги гледаме кај нашите млади“, порача Герасимовски.

Завршниот кошаркарски натпревар се одигра меѓу најдобрите училиштни екипи, со што симболично беше одбележан крајот на сезоната. На настанот присуствуваа ученици и наставници од сите општински училишта, како и претставници од спортските федерации .

Градоначалникот на најдобрите тимови и најдобрите играчи им врачи медали и пофалници.

Спортските игри „Лига Центар“ се реализираат под покровителство на општината и ги  опфаќаат сите центарски основни училишта, со цел да се поттикне правилниот физички развој кај учениците, да се развива тимскиот дух и да се создаваат здрави навики.

За учебната 2025/26 година, Општина Центар додели 48 стипендии за успешните млади спортисти , ученици од општинските основни училишта, како поддршка за нивниот развој и успеси.

Submitted by miai on 17.04.2026 - 10:09