Lajme
24.03.2026
Денес, во ООУ „Димитар Миладинов“, со особено задоволство го отворив дводневниот шаховски турнир наменет за учениците од прво до деветто одделение.
Нашите најмлади шахисти покажаа завидни вештини, концентрација и спортски дух. Со трпелива и внимателна игра, тие докажаа дека и во дигиталната ера, вистинските вредности на друштвените игри имаат своја посебна тежина.
Шахот не е само игра – тој развива логика, стратегија и дисциплина, квалитети кои се од големо значење за развојот на секое дете.
Општина Центар останува посветена на поддршка и поттикнување на вакви настани, кои ги мотивираат младите да растат во здрав, креативен и интелектуален дух.