Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Lajme
1
09.03.2026

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти.

„Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за подобрување на услугите за граѓаните и процесот на децентрализација. Поддршката од САД ни значи многу, бидејќи ни помага да ги унапредуваме практиките и да продолжиме да се развиваме како модерна и отворена општина“,  рече Герасимовски.

Toj истакна дека Општина Центар континуирано вложува во крупни инфраструктурни проекти, поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги, како и во иницијативи што го подобруваат секојдневието на жителите и ја зголемуваат ефикасноста на општината.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка определба за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и амбасадата на САД во земјава.

Галерија
Submitted by miai on 09.03.2026 - 12:59