Врз основа на член 36 став (1) точка 15 и член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (''Службен весник на РМ'' бр.5/02 и ''Службен весник на РСМ'' бр.202/24), член 26-а, а во врска со член 17-а, 17-б, 17-в, 17-г, 17- д и 17-ѓ од Законот за јавните претпријатија (''Службен весник на РМ'' бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15,
39/16, 64/18 и 35/19 и ''Службен весник на РСМ'' бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), a во врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (''Службен весник на РСМ'' бр.213/2024) и Одлуката за објавување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје бр. 08-525/36 од 29.01.2026 година, Градоначалникот на Општина Центар објавува
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на (3) три членови во надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје (во натамошниот текст: надзорен одбор) , со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.14, чиј основач е Општина Центар.
Времетраењето на мандатот на членовите во надзорниот одбор изнесува (4) четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (''Службен весник на РСМ'' бр.213/2024).
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови ќе биде објавен на веб страната на Општина Центар www.centar.gov.mk и на веб страната на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје www.poc.mk .
- УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Членовите во надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку (5) пет години работно искуство,
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку (5) пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку (5) пет години работно искуство од областа на правните работи.
- НАДОМЕСТОК
Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Висината на надоместок за претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие, со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие.
- НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на надзорниот одбор на на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија,
- Кратка биографија,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
Задолжителните документи кои ќе служат како доказ треба да бидат доставени во хартиена форма, во оригинал или копија заверена на нотар.
- ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Постапката за селекција на членови на надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје се состои од две фази и тоа:
- Фаза 1 - административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување), и
- Фаза 2 - интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар: www.centar.gov.mk.
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Јавниот повик се објавува на ден 09.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 14.03.2026 година.
Денот на објавување не се засметува во рокот. Доколку рокот за пријавување завршува во неработен ден односно празник, рокот за пријавување се пренесува на првиот нареден работен ден.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма, во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:
Aрхивата на Општина Центар, ул. Михаил Цоков бр. 1, Скопје, РС Македонија (со назнака: За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар - Скопје), од 09:00 часот до 15:00 часот секој работен ден.
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР