Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација 

Lajme
9
03.03.2026

Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација 


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.

Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.

„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску  кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„  ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.

Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.

Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е  реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а  наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“.

Галерија
Submitted by miai on 03.03.2026 - 10:06