ЈАВЕН ПОВИК за аплицирање за услуга Итно копче во Oпштина Центар-Скопје

Kumtesat
Alarmi
јавен повик
16.02.2026

           

хј                                                                ф                                                             ф

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

 

ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање за услуга Итно копче во Oпштина Центар-Скопје

 

Критериуми за избор на корисници на услугата во Општина Центар-Скопје се лица:

  • жителки и жители на Општина Центар-Скопје од повозрасна категорија (односно над 65 години), со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба
  • со адреса на живеење во Општина Центар-Скопје
  • не надминуваат висина на пензија од 35.000 МКД
  • лица кои немаат дијагностицирано деменција (не е соодветен уредот за лица со деменција и Алцхајмерова болест)
  • услугата може да ја користи само 1 член на семејство

Начин на аплицирање за услугата и потребни документи:

  • Барање за користење на услугата Итно Копче (се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвен крст)
  • копија од л.к
  • копија од чек од последна пензија

Сите документи се доставуваат на некоја од следните локации:

Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08.00 -16.00 часот

Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330

Времетраење на јавен повик: од денот на објава  до исполнување на капацитетите

 

*Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот прв дојден, прв услужен.

Submitted by miai on 16.02.2026 - 10:41