Lajme
05.12.2025
Денес имавме хуманитарната акција на Црвениот крст – ОО Центар по повод Светскиот ден на волонтерството. Заедно со волонтерите подготвувавме пакети со храна за социјално загрозени семејства и ја дадовме нашата поддршка на нивниот несебичен труд.
Горди сме што Општина Центар ја усвои и Општинската декларација за поддршка на волонтерството, со која ја истакнуваме важноста на солидарноста, хуманоста и активно учество во заедницата.
Веруваме дека секој придонес е важен. Волонтирањето создава позитивни промени – и во заедницата и во нас самите.