Lajme
27.11.2025
Денес имав чест да ги пречекам учениците од повеќе основни училишта во Општина Центар.
Заедно разгледавме како функционира локалната самоуправa и одговарав на нивните прашања за урбанизмот, комуналните услуги и проектите кои ја подобруваат нашата општина .
Во креативната работилница, во соработка со младински и еколошки организации, учевме за заштита на животната средина и одржлив развој.
Многу ми е важно да вложуваме во младите и да ги охрабриме да бидат активни учесници во нашата заедница.