Герасимовски: Нова практика за подобра комуникација со жителите, претставници во секое маало

Lajme
Средба со граѓаните
Средба со граѓаните
26.09.2025
Средба со граѓаните

Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со жителите на населбата Кале, каде што ова лето беше целосно реконструирано спортското и детското игралиште. Средбата со граѓаните се одржа токму на ова игралиште, а Герасимовски потенцираше дека сака да воспостави поефикасна и поблиска комуникација со жителите.

„Сакам да направиме одговорни луѓе на урбани заедници во секое маало кои ќе бидат ушите и очите на тоа маало. Сите граѓани што ќе имаат примедби и забелешки ќе можат да ги пренесат на тие одговорни луѓе, кои понатаму ќе соработуваат со Општината за побрзо да ги решаваме проблемите. Ова игралиште е резултат на таквата соработка, за многу кратко време добивме ново и модерно игралиште кадешто се собираат сите генерации“,

   -  рече Герасимовски.

Жителите, му се заблагодарија што нивниот апел бил слушнат и сега децата имаат убаво катче кадешто можат да се дружат и социјализираат.

Со реконструкцијата, игралиштето доби нов лик, со современо фудбалско игралиште, нова тревна подлога, летниковец и целосно уредување со рекреативни содржини.

Герасимовски најави дека Општината ќе продолжи да инвестира рамномерно во сите маала и дека во наредниот период ќе се работи на приоритетните барања на граѓаните.

Галерија
Submitted by alfa4 on 26.09.2025 - 10:29