Основно училиште „Киро Глигоров“

Shpallje
Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици.
27.08.2025
Прво училиште во Општина Центар по цели 47 години

J.X.Песталоци“ е последното училиште што било изградено во нашата општина, во 1969 година, како донација на швајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште.

Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици.

 

Објект за девет различни генерации

При планирањето на просторот имавме предвид дека во училиштето ќе учат деца на возраст од шест до 15 години. Поради разликата во возраста од девет години, значително се менуваат потребите и интересите на учениците.

Со идејното решение е обезбеден објект што ќе им овозможи пријатно школување на девет генерации.

 

Изведба и материјали

Целиот објект ќе биде изведен во армирано бетонски систем со кој се обезбедува исклучително високо ниво на сеизмичка заштита и максимална безбедност на учениците. Во објектот ќе бидат вградени природните материјали што обезбедуваат здрава и сигурна средина за престој и за учење.

Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремени наставни помагала, интерактивни табли и таблет-компјутери.

Винилните подови се со антибактериски и антиалергени особини, погодни за поедноставно одржување и поголема хигиена.

Во целиот објект ќе има топловодно подно греење со кое ќе се постигнуваат идеални температури во секоја просторија.

Енергетски ефикасната фасада ги спречува сончевите и другите негативни атмосферски влијанија, а флот-стаклата преставваат посебна заштита, кои истовремено обезбедуваат природна светлина во поголем дел од денот.

 


Детали за Проектот

При проектирањето водевме сметка училиштето да биде приспособено на новата образовна програма, во согласност со Законот за изградба на ваков тип образовни објекти. За секој ученик е планиран минимум простор од 5м², а во секоја паралелка да има од 25 до 28 ученици со што  ги исполнуваме меѓународните стандарди.

Површина на парцела: 10.600м2
Површина на објектот: 12.000м2
Капацитет: 500 ученици

 

Галерија
Submitted by alfa4 on 27.08.2025 - 11:41