Утрински појадок со жените пензионерки од Општина Центар

Lajme
Градоначалникот на утрински појадок со жените пензионерки од Општина Центар
Утрински појадок со жените пензионерки од Општина Центар
24.07.2025

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.

Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите.

„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”
- истакна Герасимовски.

Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество.

Галерија
Submitted by alfa4 on 24.07.2025 - 10:00