Јавен повик за за работно ангажирање на 80 невработени лица за пошумување и заштита и превенција од пожари

Kumtesat
Alarmi
Се повикуваат сите  невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)
ЈАВЕН ПОВИК
11.07.2025
Општина Центар – Скопје објавува

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Мерка 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) на ден 10.07.2025 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

  за работно ангажирање на 80 (осумдесет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)

 

Се повикуваат сите  невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување на Град Скопје.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход ( средства обезбедени од  Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки)

 

За учество во мерката за работно ангажирање, лицата треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа;
  • Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет и
  • Да се на возраст до 55 години.

 

При аплицирање за учество во активната мерка, заинтересираните невработени лица се должни да пополнат и потпишат Изјава за доброволно учество во работното ангажирање од оваа мерка како и прифаќање на обврските кои произлегуваат од учество во мерката, согласно утврденото во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, Договорот за учество во активната мерка и законските  прописи од областа на пожарникарството и шумарството.

Изборот на кандидати за учество во активната мерка ќе го спроведе општината во соработка со ДЗС  и Противпожарен сојуз на Македонија, по што со избраните кандидати ќе се склучи Договор за учество во активната мерка со кој подетално ќе се уредат правата и обврските за учество во активната мерка (помеѓу АВРСМ, општината, ДЗС и невработеното лице).

Избраните кандидати се должни да учествуваат на работилница- обука организирана од страна на Противпожарен сојуз на Македонија  за користење на противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција  од пожари, , по што на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката  ќе им биде издадена потврда за стекнати знаења од одржаната работилница-обука.

 

За времетраење на ангажирањето кандидатот е должен:

  • да биде редовен и да ги извршува доделените работни задачи;
  • во случај на спреченост за присуство, во рок од 24 часа да го извести организаторот на јавните работи за причината поради која отсуствува и да донесе документ за оправдување;
  • да биде дисциплиниран и да го почитува пропишаниот ред и го чува имотот, средствата за работа и совесно да ракува со доверените материјали;
  • во случај да направи штета кај изведувачот на работите за време на изведувањето на јавните работи, а поради несовесно однесување или крајно невнимание, должен е истата да ја надомести;
  • редовно да се јавуваат за извршување на работниот ангажман
  • по потреба да биде достапен за извршување на активностите на подрачје на друга општина, во координација на ЕЛС и ДЗС.

 

Работното ангажирање на невработени лица кои ќе бидат вклучени во мерката за извршување на јавни работи од карактер за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) ќе се реализира преку општината во соработка и координација со ДЗС (а по потреба и со МЖСПП) согласно потребата од активностите кои треба да се реализираат во рамки на меката, а во согласност со законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.

 

Правата и обврските на учесниците ќе бидат регулирани со Договорот за учество во активната мерка.

Потребни документи за аплицирање:

  • Пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување);
  • Потврда од матичен лекар за општа здравствена состојба и псохофизичка способност  на лицето и дека истото не боледува од кардиоваскуларни, белодробни заболувања , епилепсија и дијабет и
  • Изјава за согласност за учество во Центарот за вработување (се пополнува во Центарот за вработување).

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во мерката можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10.07.2025 година до 17.07.2025 година, од 08:00 до 15:00 часот.

Submitted by alfa4 on 11.07.2025 - 10:05