Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

Lajme
Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево
Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево
07.07.2025

Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите за справување со огнената стихија.

Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи.

„Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и не преземаат ризични активности во опожарените  подрачја”
-   порача Герасимовски.

Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба, а во акцијата на гасење на огнот се вклучени и хеликоптери и теренски екипи од повеќе институции.

Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Галерија
Submitted by alfa4 on 07.07.2025 - 09:42