Го прошируваме повикот за субвенции за возачка дозвола

Lajme
Општина Центар донесе одлука да го прошири опфатот за доделување субвенции за обука и полагање возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес на младите за овој јавен повик.
Го прошируваме повикот за субвенции за возачка дозвола
03.07.2025

Општина Центар донесе одлука да го прошири опфатот за доделување субвенции за обука и полагање возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес на младите за овој јавен повик.

Со новата одлука, право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите оние родени во 2006 и во 2007 година, за разлика од претходниот повик кој  важеше само за родените во 2007 година.

„Нашата цел е да им помогнеме на младите да го поминат процесот на обука и полагање за возачка дозвола, и да ги охрабриме да станат одговорни учесници во сообраќајот. Станува збор за знаење што може да спаси животи  нивни и на сите учесници во сообраќајот“
- порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи исклучиво за обука во автошколи регистрирани во Општина Центар.

Јавниот повик трае до исцрпување на буџетските средства или најдоцна до 31 декември 2025 година.

Барањата за субвенција се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака бр. 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680.

Повеќе информации на линкот во прилог  тука

Submitted by alfa4 on 03.07.2025 - 12:19