Дневен ред за 50 седница на Совет на Општина Центар

Kumtesat
Седница
Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје, се донесува Решение за свикување на 50. седница на Советот на Општина Центар – Скопје.
Дневен ред за 50 седница на Совет на Општина Центар
30.06.2025

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува Решение за свикување на 50. седница на Советот на Општина Центар – Скопје.                                         

 

Седницата ќе се одржи на  4.7.2025 година /петок/ , со почеток во  13.00  часот Усвојување на Записникот од 49. седница на Советот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/42 од 10.6.2025 година за усвојување на Кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јануари-март 2025 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Установата од областа на културата Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО Скопје. 

3. Предлог-одлука за усвојување на финалниот Извештај за Реализација на Годишната програма на Установата од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО“ за 2024 година. 

4. Разгледување на Иницијатива за имплементација на обуката за самозаштита во Годишните програми за работа на образовните институции на територијата на Општина Центар-Скопје. 

5. Предлог-одлука за измена на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од областа на градежната инспекција. 

6. Предлог-одлука за продолжување на важноста на Договорот за поставување урбана опрема-рекламни паноа на јавни површини на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

7. Предлог-одлука за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување во 2025 година, во Општина Центар-Скопје.

8. Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за ГП 2.1 во ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, Општина Центар-Скопје, тех.бр. 0801-611/18 од декември 2020, донесен со Одлука бр. 08-708/2 од 28.1.2021 година. 

9. Предлог-одлука за донесување/недонесување на план за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на три градежни парцели од ГП 1.1 во Изменување и дополнување на ДУП Голем ринг јужен дел-исток, опфат помеѓу улиците: ул. Васил Аџиларски, река Вардар, бул. Кочо Рацин и ул. Мирче Ацев, Општина Центар-Скопје.

10. Предлог-одлука за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје без надоместок на КК „Работнички“ АД Скопје во учебната 2025/2026 година.

11. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за извршенотпис на основни средства, донесена од Училишниот одбор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. 

12. Предлог-одлука за давање согласност на Статут на приватната установа за деца Детска градинка „ФИЛОС-ЛИТЛ ЛЕНГУИЧ ЛЕРНЕРС“ од подрачјето на Општина Центар-Скопје. 

13. Предлог-план за измена и дополнување на план на програми за развој за период 2025-2027 година на Општина Центар-Скопје. 

14. Предлог-програма за измена и дополнување на Програматата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар-Скопје

за 2025 година. 

15. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2025 година. 

16. Предлог-програма за реконструкција и  санација на основните училишта на Oпштина Центар-Скопје за 2025 година. 

17. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина

Центар-Скопје за 2025 година. 

18. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година. 

19. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2025 година.

20. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2025 година.

21. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година.

 

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.

Submitted by alfa4 on 01.07.2025 - 11:47