Одделение за култура

Одделение
Eфикасно, ефективно и квалитетно раководење со активностите од областа на културата, обезбедувајќи стручни совети, насоки и поддршка на институцијата и нејзините организациони единици
Мурал Игор Џамбазов

Работни цели

Одделението е одговорно за ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со активностите од областа на културата, обезбедувајќи стручни совети, насоки и поддршка на институцијата и нејзините организациони единици.

 

Работни задачи и обврски

  • Организација и координација: Ја организира, насочува и координира работата на Одделението.

  • Предлог концепти и иницијативи: Предлага концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања и иницира решавање на одделни проблеми.

  • Одговорност за реализација: Одговара за навремена, законита и квалитетна реализација на работите и задачите во Одделението.

  • Унифициран пристап: Обезбедува единствени ставови и единствен пристап при разгледување на исти или слични прашања.

  • Соработка: Организира и остварува соработка со други органи при реализацијата на работите во Одделението.

  • Професионален развој и дисциплина: Се грижи вработените во Одделението стручно да се усовршуваат, како и за нивната работна дисциплина.

  • Анализа на проблеми: Врши анализа, оцена и процена на прашањата и проблемите што се појавуваат во работата на Одделението.

  • Иницирање нови идеи: Иницира нови идеи за работи од областа што ја покрива Одделението.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00