Одделение за урбанистичко планирање

Одделение
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно извршување на работните задачи што придонесуваат за остварување на програмата за работа на Општината , како и на специфични задачи од делокругот на урбанистичкото планирање
Општина Центар - Одделение за урбанистичко планирање

Работни цели

Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно извршување на работните задачи што придонесуваат за остварување на програмата за работа на Општината , како и на специфични задачи од делокругот на урбанистичкото планирање. Одговорно е и за водење на процесот за донесување на урбанистичките планови согласно законските и подзаконските акти.

 

Работни задачи и обврски

  • Следење и примена на прописи: Ги следи и применува прописите од областа во која работи.

  • Оцена на административни службеници: Учествува во оцената на административните службеници во својата институција и на административните службеници во други институции.

  • Самостојни стручни работи: Самостојно врши најсложени стручно-административни и други работи од административна природа.

  • Подготовка на материјали и документи: Подготвува материјали и документи што содржат: стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за план за работа на организационата единица и извештај за спроведувањето на неговата работа.

  • Стручна помош и менторство: Дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа.

  • Анализа на урбанистички планови: Ја подготвува стручната анализа за планот со која се утврдува евентуална потреба од измена и дополнување на планот или дел од планот, пред истекот на планскиот период. По истекот на планскиот период изработува анализа за степенот и квалитетот на реализацијата на плановите, новонастанатите промени и потребите за развој.

  • Појаснување на прописи: Стручно ги појаснува и дава мислења за примена на законите и другите прописи и општи акти.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00