Одделение за планирање на ЛЕР и поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото

Одделение
Следење и применување на прописите во сферата на стопанството, угостителството, туризмот и по потреба во други области
Општина Центар - Одделение за планирање на ЛЕР и поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото

Одделението за планирање на локалниот економски развој и поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото ја следи состојбата во стопанството во општината,

  • изготвува планови за локалниот економски развој на општината,
  • предлага утврдување на развојните и структурните приоритети на општината,
  • подготвува информации од значење за локалниот економски развој,
  • предлага мерки за развој на трговијата, угостителството, занаетчиството и туризмот во општината,
  • води евиденција на правните субјекти кои вршат стопанска дејност на подрачјето на општината,
  • спроведува постапка за регистрирање и го води регистарот на лицата што вршат трговска дејност од мал обем,  
  • води евиденција на работното време на вршителите на туристичка дејност и на туристичките агенции, на работното време на објектите за угостителска дејност
  • учествува во категоризацијата на угостителските објекти и во постапката за заверка на нормативите за храна како и други работи од оваа област што ќе му бидат дадени во надлежност врз основа на законите и другите прописи. 
Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00