Одделение за работи на Советот на Општината

Одделение
Ефикасно, ефективно, квалитетно и навремено извршување на сите работни задачи поврзани со Советот на Општината
Општина Центар - Одделение за работи на Советот на Општината

Работни цели

Одделението се стреми кон ефикасно, ефективно, квалитетно и навремено извршување на сите работни задачи поврзани со Советот на Општината . Неговата улога е да обезбеди транспарентно информирање на јавноста за активностите на Градоначалникот и Општината, како и да придонесе за градење и одржување на општинскиот имиџ.

 

Работни задачи и обврски

  • Организација и координација: Го организира, насочува и координира работењето на Одделението.

  • Распределба на задачи: Ги распределува работните задачи на вработените во Одделението.

  • Пренос на инструкции: Пренесува инструкции, ги спроведува дадените насоки и дава упатства за извршување на работите и задачите.

  • Контрола и надзор: Врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работните задачи од Одделението.

  • Планирање и реализација: Подготвува и предлага план за работа на Одделението и се грижи за негова реализација.

  • Програма за работа на Советот: Изготвува програма за работа на Советот, како и извештај за реализација на истата.

  • Обезбедување услови за Советот: Се грижи за обезбедување услови за нормално функционирање на Советот и неговите комисии.

  • Стручна помош за членовите на Советот: Дава стручна помош на членовите на Советот.

  • Интерна комуникација: Остварува редовни контакти со другите раководители на одделенијата во Секторот и разменува информации од интерес за работата на Советот.

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00