Втора акција на Општина Центар со Црвен крст

Lajme
Поддршка на граѓаните за време на високите температури
Втора акција на Општина Центар со Црвен крст
13.08.2024
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар повторно дели вода за граѓаните и минувачите на ул. „Максим Горки“, автобуските постојки на Рекорд и Џамбо, пред хотел Холидеј Ин и околу Зелениот пазар.

За време на жолто-портокаловата фаза и високите топлотни температури мора да бидеме внимателни и да ги следиме препораките. Ова е особено важно за повозрасните наши сограѓани и граѓаните со нарушено здравје.

Шишето вода може да спаси живот, затоа секогаш имајте го покрај вас!

Акцијата на општинскиот Црвен Крст Центар ќе трае се додека траат предупредувањата и препораките за заштита од високи температури.

Галерија
Submitted by alfa4 on 13.08.2024 - 09:00