Активности, Образование|

Општина Центар информира дека во тек е замена на фасадната столарија на општинското основно училиште „Димитар Миладинов“. Освен замената на вратите и прозорците во училиштето, целосно се менува поткровната конструкција и електричната инсталација, а дополнително се поставува и ново осветлување.

Овие активности следат по замената на постоечката фасада на училиштето со комплетно нова и енергетски ефикасна, која во рекордно време од 6 месеци беше завршена во февруари, годинава.

Замената на фасадната столарија дополнително ќе придонесе кон подобра топлотна изолација, заштеда на електричната енергија, намалување на сметките за струја до 30% во зимските месеци, како и поголема енергетската ефикасност за повеќе од 18%, што претставува и начин за справување со загадувањето во Скопје. Освен фунционалниот аспект, новата фасада на училиштето е збогатена со колоритни графити и мурали кои ги изработија реномираните стрит арт уметници, Миро Грчев и Младен Трендевски.

Обновата на фасадата и фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов“се прави по повеќе од 65 години, за прв пат од неговата изградба во 1954 година. Проектот е финансирана со средства од грантот кој Општина Центар го доби од Амбасадата на Република Бугарија во висина од 130.000 евра и истотолку средства кои општината ги издвои за оваа намена.

Целосната реконструкција на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на Општина Центар е предвидено да заврши до крајот на летниот распуст, а новата учебна година учениците ќе ја започнат во комплетно обновеното училиште.

Comments are closed.

Close Search Window