Активности|

Општина Центар е инклузивна и општествено-одговорна општина, општина која се грижи и помага на сите граѓани.

Денес во својот кабинет, градоначалникот Горан Герасимовски, го прими нашиот сограѓанин Денис и неговите деца. Денис е татко на две малолетни деца и живее во Општина Центар. Денис досега немаше редовни примања, а со неговото семејство се корисници на редовната помош, која Општина Центар ја доделува на семејства со висок социјален ризик секој месец, во соработка со невладината Банка за Храна.

Од утре, Денис ќе биде ангажиран во општинските служби за одржување на хигиената, со што нему и на неговото семејство им се овозможува пристоен живот и подобрување на условите во кои моментално живеат.

„Денес сум особено среќен што овозможуваме редовни примања Денис, наш сограѓанин и самохран татко на две дечиња. За нас секој е важен. Мојата обврска е да им помагам на граѓаните, со цел да го зголемиме квалитетот на живот за сите граѓани во општината“, изјави по денешната средба градоначалникот Герасимовски.

По средбата, градоначалникот Герасимовски им подели пригодни новогодишни подароци на дечињата, му посака успех и напредок во работата на Денис и многу посреќни и повесели моменти во новата година.

Comments are closed.

Close Search Window