Активности|

Општина Центар денес ја завршува целосната реконструкција на улицата „164“ во населбата Крњево, во Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во градежните работи на улицата, каде веќе е поставена фекална канализација во должина од 250 метри и водоводна канализација во должина од 270 метри, како и заменет долен строј.

Поставени се 1375 метри квадратни нов асфалт, 254 метри квадратни тротоари и нови рабници од двете страни по цела должина на улицата.

Со реконструкцијата, која е прва од ваков тип на оваа улица, заедно со улиците „166“ и „Хусеин Бајрам“, жителите на Крњево ќе добијат безбедна и квалитетно изработена улица, по повеќе од 40 години.

Реконструкцијата на улицата „164“ е дел од големата градежна офанзива за реконструкција на улиците во Општина Центар, со која на почетокот на есента, ќе се добијат вкупно 37 реконструирани улици низ целата територија на општината.

Comments are closed.

Close Search Window