Активности|

Денес продолжува акцијата на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар за отстранување на нелегално изградени објекти.

Вкупно 5 времено поставени објекти – трафики, со градежна механизација денес ќе бидат отстранети и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на објектите.

Станува збор за 5 времени објекти (4 киосци и 1 трафика), лоцирани на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект.

Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината денес пристапи кон административно присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите.

Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, со која ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите.

Comments are closed.

Close Search Window