Активности, Образование|

Општина Центар ги презема сите превентивни мерки за безбеден тек на наставата во училиштата за учениците што ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение, како и успешна реализација на онлајн настава за повисоките одделенија.

На последната 52. Седница на Советот на Општина Центар, усвоени се точките за предлог – измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар за 2020 година, кои ќе бидат наменети за набавка на информатичка опрема за организарање онлајн настава со вкупен износ од 3.000.000, 00 денари.  

Со усвојување на овие точки од ребалансот на буџетот, училиштата во Општина Центар ќе бидат надоградени со информатичка технологија каде ќе се зголемат капацитетите потребни за успешна реализација на воспитно – образовниот процес за учениците кои ќе посетуваат онлајн настава. Наставниците и стручните соработници се соодветно обучени за примена и спроведување на наставата на националната платформа за образование.

Во овој период, Општина Центар обезбедува донации за финансиска помош и набавка на персонални компјутери за поддршка на учениците и наставниците. На сите кои имаат потреба, општината ќе се обиде да им обезбеди помош за полесно следење на онлајн наставата и користење на услугите од националанта платформа за образование.

Осумте основни училишта во Општина Центар располагаат со сите потребни капацитети за доследно почитување на протоколите и обезбедување на потребните безбедносни и хигиенски услови за учениците, наставниците, стручните и админитрартивните служби за непречено одвивање на наставата. Во училиштата се обезбедени потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и табли со инструкции, едукативни постери и маркери за слободно место на училишните клупи.

„Наставата со физичко присуство тече во најдобар ред и најмалите ученици ги почитуваат сите мерки за безбеден тек на наставата и престојот во училиштето. Исто така, онлајн наставата се одвива по предвидениот распоред, каде сите наставници и ученици се вклучени. Во моментов се организираме за продолжен престој на учениците, што се надевам веќе од следната недела ќе биде во функција. Продолжениот престој ќе биде согласно препораките на МОН и Комисијата за заразни болести“- изјави Светлана Масларевска, директорка на ООУ „Коле Неделковски“.

Comments are closed.

Close Search Window