Активности|

Драги ученици, наставници и родители
Денес училишното ѕвоно е најгласната и најубавата музика за сите нас.


Училницата – најубавиот храм.


А училиштата, највеселите згради, полни со џагор и смеа.
Затоа со особена чувствителност и емпатија, кон сите просветни работници и родители, би сакал на учениците да им посакам среќен почеток и безбедни училишни денови.


Драги ученици,
И јас, како вас, се радувам на почетокот на оваа учебна година, а во исто време сум тажен што не можам да дојдам во училиштата и да ви посакам среќен почеток.


Во оваа учебна година најважно е да ги почитуваме препораките на здравствените работници, да ги слушаме наставничките и да се грижиме за хигиената и здравјето.


Општина Центар, заедно со своите пријатели, прави сè за да ви ја олесни оваа учебна година и да се чувствувате безбедни и сигурни во текот на наставата.


Мора да бидеме силни и трпеливи, послушни и внимателни и во јуни заедно, без маски, да ги славиме успехот и петките.

Драги мои другарчиња,

Бидете здрави, ведри и насмеани.

Среќен и лесен почеток на учебната 2020/2021 година, Ви посакуваме јас, моите колеги од Општина Центар и нашите пријатели од Alvogen ORS и Effectiva

Comments are closed.

Close Search Window