Активности|

Во  Центар се одржа Регионалниот натпревар по прва помош на тема „Првата помош во училиштата“, каде што се собраа најдобрите младински екипи од целата држава. Младите учесници ги демонстрираа своите знаења и вештини во спасување човечки животи, испраќајќи силна порака за важноста на првата помош, особено во најкритичните моменти.

Настанот беше организиран со голема посветеност од страна на Општинската организација на Црвениот крст Центар, на која ѝ упатуваме голема благодарност за успешната реализација.

Овој натпревар не само што придонесе за едукација и практична обука на младите, туку е и дел од пошироките напори на Општина Центар за поддршка на заедницата. Преку проекти како „Итно копче“ и бесплатен транспорт за лица со попреченост, покажуваме дека хуманоста, пристапноста и грижата за секој поединец се наши водечки принципи.

Заедно продолжуваме да градиме општество подготвено, солидарно и инклузивно.

Comments are closed.

Close Search Window