Активности, Култура|

Живи статуи, убава музика и стотици насмеани и весели лица го исполнија центарот на Скопје, создавајќи магична атмосфера во рамки на манифестацијата „Центарски улици 3“.

Настанот се одржа по повод 15 април  Светскиот ден на уметноста и роденденот на Леонардо да Винчи, кој ширум светот се одбележува на различни начини.

Овој ден, инспириран од великани како Да Винчи, Центарот на Скопје уште еднаш го вброи во уметничката карта, нудејќи простор за креативност, изразување и културна размена.

Со оддавање пиетет кон културата и уметноста, заеднички градиме здрава и инспиративна средина во која младите генерации учат да го вреднуваат она што е вистински значајно.

Comments are closed.

Close Search Window