Со новогодишни пакетчиња, облека и обувки во висина од 60 илјади денари, денеска ги израдувавме дечињата од згрижувачки семејства на територија на Општина Центар.
На предновогодишната дружба ги слушнав сите нивни желби што сакаат да им се остварат во новата година. Ветувам дека ќе помогнам во исполнување на желбите колку што можам повеќе во рамките на моите надлежности.
Поддршката која секоја година ја даваме за овие дечиња е дел од програмата на Комисијата за еднакви можности – КЕМ.
Упатувам голема благодарност до општествено одговорната компанија којашто им додели и ваучери во висина од 4000 денари. Се заблагодарувам и на сите згрижувачи, без нивната љубов и посветеност овие деца не би имале спокојно детство и топол дом.
Продолжуваме да градиме свет во кој секое дете е ценето, сакано и поддржано во секој чекор од својот развој.






