Општина Центар им упатува честитки на сите учесници на ракометните натпревари што се одиграа во рамки на училишната спортска Лига Центар 2025, наменета за учениците од основните училишта на територијата на општината.
Посебна честитка упатуваме до екипата на ООУ „Гоце Делчев“, која го освои првото место и се пласира за понатамошни натпреварувања.
- Резултати од денешните натпревари во ракомет:
- Прво место: ООУ „Гоце Делчев“
- Второ место: ООУ „11 Октомври“
- Трето место: ООУ „Коле Неделковски“
- Најдобри поединци на турнирот:
- Најдобар играч: Теодор Кочоски (ООУ „Гоце Делчев“)
- Најдобар стрелец: Јован Трајков (ООУ „Коле Неделковски“)
- Најдобар голман: Максим Трајковски (ООУ „11 Октомври“)
Им благодариме на сите ученици, наставници и организатори кои придонесоа за успешно одржување на овој спортски настан. Продолжуваме со поддршка и промоција на училишниот спорт и младинските таленти.













