Активности|

Во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржа информативна сесија организирана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, во партнерство со NALAS – Мрежа на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа и со финансиска поддршка на Германија.

На сесијата присуствуваа градоначалникот, членови на општинскиот совет и претставници од општинската администрација, кои имаа можност да се запознаат со моделот на граѓански собранија како алатка што овозможува активно и структуирано вклучување на жителите во процесите на одлучување.

Во нашата општина веќе активно се применуваат различни форми на учество, како што се буџетски форуми, отворени денови и редовна комуникација со граѓаните. Новите знаења и искуства што беа споделени на оваа сесија ќе придонесат за дополнително зајакнување на транспарентноста и отчетноста во работата на локалната власт.

Даваме целосна поддршка на секоја иницијатива што ги приближува граѓаните до процесот на донесување одлуки и остануваме посветени на градење инклузивни и отворени локални политики, во партнерство со нашите сограѓани.

Comments are closed.

Close Search Window