„Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко Жинзифов и пред зградата на Општина Центар. Со овие интервенции, Центар го правиме попријатно и пофункционално место за живеење. Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани“, изјави Герасимовски.
За потсетување, пред еден месец, Општина Центар постави нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти за отпадоци во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во населбата Мало Курило беше уредено детското игралиште со нова опрема, а нови кошаркарски табли беа поставени и во населбата Пролет, на спортското игралиште кај Зеленото пазарче и на игралиштето близу Градската болница.









