И покрај облачното и дождливо време, пролетта пристигна со насмевки и аплаузи во градинката „13 Ноември“.
Дечињата ни ја претставија топлата приказна „Витезот Априлко и Баба Марта“, театарска изведба исполнета со радост, боја и љубов, што се подготвуваше со голема посветеност во изминатите две години.
Баба Марта е непредвидлива, но секогаш има лек, витезот Април кој со себе носи надеж, цветови и светлина.
Додека го чекаме сонцето, децата ни донесоа свое сонце, сцена полна со емоции и креативност.
Кога децата се на сцена ,театарот добива посебна магија.
Голема благодарност до сите воспитувачи, родители и соработници кои вложија време, труд и љубов за да создадат незаборавно искуство за најмалите и за сите нас.








