Цветанка Симоновска

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ

Цветанка Симоновска

Професија : дип. инг. архитект​

Место на живеење: Скопје , Општина Центар

Телефон : +389 (0) 76 353 651

На должност во функција Претседател на Совет на Општина Центар од 2020 година

БИОГРАФИЈА

Цветанка Симоновска е дипломиран инженер архитект, пензиониран редовен универзитетски професор при УКИМ.

Во 1968 година дипломира на Архитектонскиот факултет и се стекнува со звање дипломиран инженер архитект. Таа година од УКИМ е прогласена за најдобар дипломиран студент.

Во 1969 година се вработува во Архитектонскиот факултет. Таа година на Архитектонскиот факултет во Белград завршува специјалистички студии и се здобива со звање специјалист од областа на домувањето.

Постдипломски студии завршува во Белград , каде што магистрира и се здобива со академски степен магистер по архитектонски и урбанистички науки.

Во текот на целиот свој работен век Цветанка Симоновска е активна во наставата на Архитектонскиот и на Шумарскиот факултет.

Учествува на архитектонски конкурси, на меѓународно и на локално ниво, освојува голем број награди и признанија. Има изработено повеќе стручни и научни трудови, архитектонски проекти, ревизии и експертизи. Ментор е на многу дипломци, магистри и докторанти на двата факултета.

На Архитектонскиот факултет е продекан за настава во два мандата, работи и како раководител на Институтот за архитектонско проектирање. Таа член во голем број комисии на УКИМ, за што е наградена со пофалби, награди и признанија.

Советник во Советот на Општина Центар-Скопје е од 2013 година.  Активно учествува во работата на комисиите во рамките на Општината. Таа е борец за стручност и одговорност, во секој поглед – професионалец.

ПРАШАЈ ГО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТ

Close Search Window